Поминаа 15 години од „фантомскиот гол“ на Ливерпул, беше најава за најлудото финале во ЛШ (Видео)

На денешен датум пред 15 години, Ливерпул го победи Челзи со 1-0 во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите, и си резервираше билет за истанбулското финале против Милан. Но, до тоа незаборавно финале во 2005 можеби и немаше да дојде ако на Црвените не им беше признаен голот на Луис Гарсија со кој ги елиминираа Сините од Лондон.

И ден-денеска никој не може со 100 проценти на тврди дали беше гол или не. Пред 15 години немаше гол-линија технологија, ниту ВАР, па мистеријата ќе остане. Затоа голот на Гарсија се нарекува „фантомски“.

Џерард нафрли, Чех го собори сонародникот Барош, но судијата не покажа пенал, туку дозволи акцијата да продолжи, Гарсија шутна кон голот и почна да слави, иако топката не ја затресе мрежата. Дали Галас навреме ја исфрли или топката сепак со цел обем ја мина замислената гол-линија, сега и не е толку важно. Голот беше признат, и тоа беше единствен погодок во двомечот и 180 минути игра.

„За мене и за судијата, тоа беше гол. Бев исплашен неколку секунди, бидејќи славев, а никој од моите соиграчи не ми се придружи. Помислив дека топката можеби не била во гол, но потоа го видов судијата како покажува кон центарот и беше јасно“ – рече Шпанецот Гарсија.

Потсетување на моментот кој ги исфрли Сините од ЛШ во првата сезона на Мурињо на клупата на Челзи:

- Оглас -

Најнови вести