Поминаа 19 години откако Кометал Ѓ.П. стана европски шампион и ја крена Македонија на нозе (Видео)

Денешниот датум со златни букви е запишан во историјата на македонскиот женски ракомет и спорт воопшто бидејќи на 19-ти мај 2002 година Кометал Ѓорче Петров стана европски шампион и со тоа ширум се отвори вратата за серија успеси на клупско поле во овој спорт.

Кометал Ѓ. П. е единствената женска екипа од нашата држава која ја освоила Лигата на шампионите. Тогаш во преполната сала на СРЦ „Кале“, која беше најголема сала во Скопје во тоа време, составот предводен од тренерот Александар Панов го победи унгарски Херц со 26-22 и тоа беше доволно за титула и капитенот Гордана Нацева да го крене пехарот.

Претходно, Кометал играше во финалето против Хипо во 2000 година, стигна до финале и подоцна против данскиот Шлагелсе, но македонскиот тим не успеа да ја освои титулата. Против унгарскиот Херц судбината сакаше пехарот да остане во Скопје. По минималниот пораз во Будимпешта, во Скопје, нашиот тим славеше во реваншот со 26-22.

Тимот кој му ја донесе европската слава на тимот на сопственикот Трифун Костовски го сочинуваа: Луминица Дину, Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Оксана Плошчинска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Олга Бујанова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Лариса Ферзалиева, Ања Андрушченко, Наталија Малахова и Елена Златановска. 

Погледнете ја завршницата на реванш-натпреварот:

- Оглас -

Најнови вести