Понеделничко реми во Бундеслигата

Себастијан Руди се врати во тимот на Хофенхајм по повредата и со гол во петтата минута најави добар резултат за неговиот тим на гостувањето кај Волфсбург.

Сепак, домаќините не се помирија со негативата од раната фаза на мечот што беше последен од петтото коло во Бундеслигата и со погодокот на гостиварецот Агрон Мехмеди во 36-тата минута израмнија на 1:1.

Потоа имаше уште возбудувања, поништен гол за Волфсбург во првото полувреме и потоа многу среќа за домаќините кога по топовскиот удар на Сков, топката од пречката заврши на гол-линијата.

Во второто полувреме немаше голови, а еден му беше поништен на Мехмеди, па двата тима освоија по еден бод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести