Понекогаш горчлив е фудбалскиот леб за тренерите, прв е на табелата и доби отказ

Чудна е понекогаш судбината на фудбалските тренери, а вистински пример за тоа е ситуацијата во која се најде Хрватот Анте Мише.

Некогашниот познат фурбалер на Хајдук доби отказ во Ал-Фаисали, клуб од Втората лига на Саудиска Арабија, иако со него долго е на врвот на табелата.

Клубот што од клупата одлично го предводеше Мише претрпе пораз и еднаш одигра нерешено во последните две кола што чудно, но вистинито и беше доволно на Управата на второлигашкиот лидер да го смени тренерот.

„Раководството на Ал-Фаисали одлучи да го раскине договорот со тренерот и Анте Мише веќе нема да го предводи клубот од клупата. Му благодариме за се што стори за нас во минатиот период и му посакуваме многу среќа“, соопштија од клубот.

Мише беше тренер на Ал-Фаисали од лани летото и е редок пример на сменет кормилар во ситуација кога бил лидер на табелата.

- Оглас -

Најнови вести