Македонската репрезентација за играчи до 17 години успешно го положи поправниот испит на турнирот во Јелгава, Летонија, со победа од 2:0 против домашната селекција.
Нашите таленти со два гола во второто полувреме стаса до победата. Владан Новевски со погодок од пенал во 61. минута ни донесе предност, а печат на триумфот стави Методи Максимов со прецизен удар во 70. минута.
Претходно Русите беа подобри од македонските репрезентативци со 1:0.