Побрзо Јуве ќе освои ЛШ отколку Ферари титула во Ф1

Некогашниот претседател на тимот на Ферари во Формула 1, Лука ди Монтеѕемоло, продолжува со критиките на сметка на Скудерија и смета дека неспособноста на раководството, недостатокот на работа и поддршката за главнот пилот се пречки кои ќе постојат и во 2019 година.

Според Монтеѕемоло, побрзо Јувентус ќе стане европски првак во фудбал, отколку Ферари да ја освои титулата во Формула 1. Тој не се согласува со јавните изјави на неговиот наследник Маурицио Аривабене, кој кажа дека Себастијан Фетел не е шеф на екипата и дека Германецот направил повеќе грешки отколку тимот.

„Од 1997 до 2009 година, секогаш или ја освојувавме титулата или ја губевме за малку, но секогаш се боревме до последен момент. Кога ќе загубите титула на две или три трки пред крајот, тоа е многу фрустрирачки за пилотот. Друг проблем се критиките. Некои работи не треба да се кажуваат пред цел свет туку да останат внатре во гаражата на тимот. На Фетел, кој е одличен возач, му треба поддршка од навивачите и од соработниците во тимот да почувствува дека сите имаат доверба во него“, изјави Монтеѕемоло.


- Оглас -

Најнови вести