Попуст има и кај строгите Германци – На Борусија Менхенгладбах ѝ фали некој ден карантин, но ќе игра во сабота со Ајнтрахт

Играчите на Борусија Менхенгладбах не ја испочитуваа препораката сите клубови во Бундеслигата да бидат во карантин најмалку 7 дена пред рестартот на сезоната закажан за во сабота, на 16 мај, но и Германците нема да бидат строги и нема да го казнат клубот што има шанси и за титулата.

Во правилникот специјално изработен на 36 страници за фудбал во германија во услови на панедмија со Коронавирус има дел што е посветен и на задолжителниот карантин на најмалку 7 дена пред рестартот на првенството.

Играчите на четвртопласираната екипа во Бундеслигата се во хотел во близина на Борусија Парк од понеделникот, а се пофалија на Твитер дека условите се одлични.

„Условите во хотелот се одлични и ги има сите услови за спречување на евентуална зараза од Ковид-19“ напишаа на клупскиот Твитер профил од Борусија.

Казни ќе нема, бидејќи германската федерација и клубовите сакаат да стартуваат регуларно со мечевите од 26. коло во сабота на 16. мај.

Борусија Менхенглдабах ќе има кам-бек во Франкфурт против Ајнтрахт во сабота од 18.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести