Залудни беа кошаркарските лекции од Дончиќ – Феникс победи со 2:0 против Далас (ВИДЕО)

Феникс санс обезбеди предност од 2:0 против Далас маверикс откако на вториот домашен меч славеше со 129:109.

Девин Букер со 30 и Крис Пол со 28 поени беа најефикасни кај домаќините, додека нова блескава партија имаше Лука Дончиќ.

Словенецот уфрли 35 поени, но имаше и неколку фантастични соло акции, каде што ѝ држеше лекции по кошарка на одбраната на Феникс, но и овојпат немаше поддршка од соиграчите.

Серијата сега се префрла во Далас, каде што првиот од двата меча се игра на 7 мај.

Предноста од домашен терен ја искористи и Мајами хит, кој со триумфот од 119:103 исто така поведе со 2:0 против Филаделфија.

Бем Адебајо (23 поени) и Џими Батлер (22 поени) беа најдобрите поединци кај „жешките“ од Мајами, а третата средба каде што ќе биде Филаделфија домаќин, а воедно се очекува и настап на Џоел Ембид, исто така ќе биде за два дена.

https://www.youtube.com/watch?v=72Q_bs87c7g

- Оглас -

Најнови вести