Поради депресија не играше во Скопје – Смртта на Жарке ја потресе легендата: Сакав да се откажам од фудбал

Андрес Иниеста вели дека се борел со депресија во 2009 година, кога трагично почина неговиот голем пријател и фудбалер на Еспањол, Дани Жарке, и дека размислувал и да ј заврши кариерата.

При промоцијата на документарецот „Андрес Иниеста – неолекуваниот херој“, легендата на Барселона и на светскиот фудбал изненади со признанието дека бил многу блиску до фудбалски крај на кариерата пред една деценија.

„Се борев со депресија по смртта на Дани. Ми помогна медитацијата во ситуација што беше многу сложена за мене. Се чувствував некако празно, без емоции, преморено. За среќа, никогаш не престанав да тренирам, иако живеев ден за ден, без да размилслувам за фудбалската иднина“, изјави Иниеста.

Жарке, кој беше играч на ривалскиот Еспањол, почина од срцев удар на 8 август 2009 година.

Reina. Arbeloa. Pique. Capdevila. Alonso. Torres. Cazorla.… | Flickr

Дани имаше 26 години, а Иниеста, кој му беше голем пријател, не допатува во Скопје само 4 дена подоцна на пријателскиот меч меѓу Македонија и Шпанија, кој заврши со резултат 3:2 за гостите. Тоа беше прв меч на селекцијата на Црвената фурија по трагичната смрт на Жарке.

Иниеста ќе полни 36 години во мај, а сè уште игра фудбал и е активен како член на јапоснкиот Висел Кобе.

- Оглас -

Најнови вести