Поради еден детаљ, Крос го критикуваше дресот на Реал Мадрид: Неудобен е и грд

Тони Крос ја игра деветата сезона во Реал Мадрид и тој е еден од нејзаменливите играчи во кралскиот клуб, Искусниот германски играч за врска досега одигра 398 меча за шпанскиот гигант и има освоено дури 18 трофеи, а сега откри дека еден детаљ многу го нервира и поради тоа не го сака дресот на Реал Мадрид што го носи. Се работи за крагната која ја имаат дресовите.

„И оваа сезона нашите дресови се одвратни. Поло маиците не се фудбалски дресови. Порака до сите дизајнери: Дресовите со крагни не се добри. неудобни се и грди“, рече Крос во гостување на еден поткаст, коментирајќи ја опремата што ја носи во Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести