Поради лакомоста на Стерлинг, Сити не победи (Видео+Фото)

Манчестер сити не успеа да го победи Саутхемптон и на свој терен одигра без голови, што е најголемо изненадување во ова коло во Премиер лигата. Граѓаните може да жалат што не ги освоија трите бода, посебно поради ситуацијата во судиското надополнување.

По еден центаршут, Фил Фоден шутираше со глава, а гостинскиот голман одбрани. На одбиената топка се стрчаа и Фоден и Рахим Стерлинг, а на крајот Стерлинг ја заби топката во мрежата и тоа за само еден дел од секундата пред Фоден. Сепак, токму овој допир на Стерлинг значеше и поништен гол.

По сигнализација на ВАР системот беше констатирано дека Стерлинг е во офсајд, додека Фиден беше во дозволена ситуација. Тоа значи дека доколку Фоден ја забиеше топката во празната мрежа, голот ќе беше признат, но вака поради лакомоста на Стерлинг да погоди, Манчестер сити остана без планираните три бода.

https://youtu.be/JeDDlFLrzMI

 

- Оглас -

Најнови вести