Поради Санчез, Манчестер не може да ги продолжи договорите на Де Хеа и Марсијал

Огромната плата која ја добива Алекси Санчез во Манчестер јунајтед е причина за создавање на проблем во клубот од „Олд Трафорд“. Најтрофејниот англиски клуб сака да ги продолжи договорите на голманот Давид де Хеа и напаѓачот Антони Марсијал, но нема доволно средства со кои не би го прекршил финансискиот фер плеј на УЕФА.

Санчез добива 400.000 фунти неделно и поради таа огромна сума, доаѓа до проблем за ревидирање на платите на останатите ѕвезди во тимот. Голманот Де Хеа за продолжување на договорот бара неделна плата од 300.000 фунти, додека францускиот напаѓач е задоволен со 140.000 фунти неделно.

Да биде маката поголема Санчез не само што добива огромна плата, Чилеанецот е најголемо разочарување во Манчестер. Откако пристигна на „Олд Трафорд“, Санчез одигра 20 меча во Премиер лигата и даде само три погодоци. За да се излезе од оваа ситуација и Де Хеа и Марсијал да ги добијат новите договори, Манчестер ќе се обиде во јануарскиот преоден рок да го продаде Санчез, но тешко кој би прифатил да му ја дава таа плата која ја добива во моментов.

- Оглас -

Најнови вести