Поради снежна олуја ќе се одложи меч во Ла Лига?

Натпреварот меѓу Алавес и Атлетико Мадрид кој е закажан за утре (16:15ч) во рамките на 17-тото коло, засега е под знак прашалник поради што снежна олуја го зафати градот Виторија.

Стадионот „Мендизороца“ е покриен во бело и моментално се вршат напори да се исчисти снегот со цел утре екипите да истрчаат на теренот без проблем.

Доколку натпреварот се одложи поради временските услови, нема да биде прв ваков случај бидејќи градот Виторија се наоѓа на 500 мети надморска височина, опколен со планини.

- Оглас -

Најнови вести