Поради таа одлука, Леганес испадна од Примера: Лудост е како судијата не досуди пенал против Реал

На Леганес му беше потребна победа во дуелот со Реал Мадрид во последното коло за да може да се спаси од испаѓање во Примера дивисион. Тимот кој беше во зоната за испаѓање веруваше дека може да направи чудо против новиот првак, па на терен во ниту еден момент не се предаде.

Реал на двапати имаше водство, но Леганес израмнуваше, а во последните 10 минути домаќините тргнаа во тотална офанзива во обид да стигнат до посакуваниот историски триумф над новиот шампион. Се играше 85-тата минута кога во шеснаесетникот на Реал Мадрид, по еден центаршут, топката го удри Лука Јовиќ во раката.

Судијата Гиљермо Кварди побара мислење од неговите колеги во ВАР-собата. По неколку прегледувања на ситуацијата, јасно беше дека топката го удри Јовиќ во раката, но арбитрите проценија дека тоа не е доволно за Леганес да добие пенал. Целата спорна ситуација од синоќешниот дуел може да ја погледнете ТУКА.

Таа одлука директно одлучи кој ќе испадне затоа што ако Леганес победеше со 3:2, Селта Виго ќе беше клубот што ќе требаше да испадне. Шпанскиот судиски експерт Хуан Ахдухар Оливер е во неверување дека не бил досуден пенал за Леганес.

„Пеналот е чист. Јасно се гледа дека Јовиќ ја подава раката, а таа воопшто не му е покрај телото. Кога ќе видиме какви пенали беа досудени во претходните кола, чудо е како ова не е пенал. Лудост!“, вели Оливер за Радио Марка.

По завршување на мечот, играчите на Леганес беа во очај затоа што им недостасуваше еден гол за да се спасат од испаѓање, а ВАР-системот и судиите не им дадоа пенал шанса да реализираат.

- Оглас -

Најнови вести