Порака од Чешка: Роналдо да не „лета“ многу, Бичан има дадено 821 гола!

Кристијано Роналдо синоќа даде гол за Јувентус и ја најави победата против Наполи за освојување на трофејот во Суперкупот на Италија. Погодокот на португалскиот ас имаше посебно значење затоа што тоа беше негов 760-ти гол во сениорската кариера.

Според најголем дел од официјалните податоци, со тој гол Роналдо го надмина легендарниот чешки напаѓач Јозеф Бичан, кој во кариерата имаше дадено 759 голови и досега го имаше приматот за најдобар голгетер во историјата на фудбалот. Откако синоќа Роналдо го даде 760-тиот погодок и беше „крунисан“ за најдобар стрелец, стигна демант од Чешката фудбалска федерација.

Пресметките на Чешката федерација се дека Бичан во кариерата има постигнато вкупно 821 гол, односно 61 повеќе од тоа што сега има Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести