Порака од Молде за Солскјер: Уживај и не се враќај

Оле Гунар Солскјер донесе чудо на „Олд Трафорд“ и неверојатен пресврт, во кој не веруваа ниту најзагреаните навивачи на Манчестер јунајтед.

По лошата епизода со Жозе Мурињо, клубот очајно бараше тренер што најпрво ќе ја подобри апсолутно нарушената атмосфера во тимот, а Солскјер ја искористи неочекуваната шанса.

Дојде на позајмица од Молде, нареди серија од девет меча без пораз, со 8 победи и едно реми и сега оправдано очекува долго да остане на клупата на Манчестер јунајтед.

И што е најважно и за него и за клубот има зелено светло од Молде да продолжи со тренерската кариера во Манчестер.

„Уште кога заминував претседателот на Молде почуствува дека веројатно дојде време за разделба. Само ми рече оди, уживај и не се враќај, кога го информирав за понудата од Манчестер јунајтед. Имам доверба и од Молде и од Манчестер и тоа многу ми значи“, вели Солскјер.

Се уште нема пораз со „црвените ѓаволи“, а Јунајтед активно се вклучи во битка за позициите кои водат во Лигата на шампионите, иако тоа изгледаше невозможна мисија со Мурињо на кормилото.

- Оглас -

Најнови вести