Порака од навивачите на Тотенхем: Моура ако може само уште еднаш

Моура, ако може само уште еднаш, е желбата и пораката на навивачите за нов хет-трик на Бразилецот, сега во финалето против Ливерпул.

Лукас Моура беше јунакот на клубот од Северен Лондон во реванш полуфиналниот меч против Ајакс, кога за период од 40 минути во второто полувреме постигна хет-трик и го одведе Тотенхем во Мадрид на финале во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Бразилецот блескаше во Амстердам, а во драматичен финиш со најдоцниот гол во историјата на мечевите во ЛШ во 96. минута му донесе голема радост на Тотенхем и победа од 3:2 за пласман во големото финале.

Интересно е што Лукас беше стрелец и на последниот гол за Тотенхем во дуелите против Ливерпул, на „Енфилд роуд“ на 31. март во поразот од 1:2.

Вечерва од 21 часот ќе се игра финалето во Мадрид за титулата во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести