Порака од Рома: Фотографијата која сите ја чекавте!

Пауло Дибала е нов играч на Рома. Ова стана јасно откако Римската волчица на официјалната страница соопшти дека аргентинскиот репрезентативец ќе биде нивен играч во следната сезона.

„Фотографијата која сите ја чекавте“, беше пораката од Рома на која има фотографија на која Дибала е во дресот на Рома.

Од Рома дополнија и дека „клубот е почестен што може да го потврди договорот со напаѓач од светска класа“.

Дибала претходните седум години го носеше дресот на Јувентус, кога реши да си замине по истекувањето на договорот. Претходно има играно и за Палермо и за аргентинскиот Институто.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести