Поранешен аргентински репрезентативец го навредуваше Ламине Јамал, па веднаш доби отказ

Поранешниот репрезентативен голман на Аргентина, а сега коментатор на шпанската телевизија „Мовистар“, Херман Бургос, пред почетокот на натпреварот помеѓу ПСЖ и Барселона го навредил младиот Ламине Јамал.

Тој во директен телевизиски пренос за време на загревањето рекол: „Да не беше добар фудбалер, неговото место ќе беше помеѓу семафорите.“ Оваа изјава веднаш стигнала до ушите на раководствата на ПСЖ и Барселона, кои веднаш најавиле дека нема да даваат изјави по натпреварот за оваа телевизија.

Јамал е дете на емигранти од Мароко и Екваторијална Гвинеја и ваквиот коментар е сфатен на расна основа бидејќи веројатно се мисли дека тој би продавал на семафор или би просел.

Бургос наредниот ден веднаш се извинил за својот коментар, но веднаш следувал и негов отказ од шпанската телевизија „Мовистар“.

- Оглас -

Најнови вести