Поранешен европски првак го купи Пеле

Напаѓачот на Монако со маркантно презиме, Пеле, се пресели во Англија и ќе игра за двојниот европски шампион Нотингам форест.

Пеле одигра само 8 меча за Монако откако лани пристигна во францускиот клуб од Рио Аве, па раководството на „кнезовите“ му дозволи да си замине, но со статусот позајмен играч во Нотингам форест.

Популарните „шумари“, доминираа на почетокот на осумдесеттите години од минатиот век во европскиот фудбал и двапати го освоија пехарот во тогашниот Куп на европски шампиони, а сега играат во втората по ранг англиска лига, во популарната Шампионат лига.

- Оглас -

Најнови вести