Поранешен европски првак ја засили Црвена Звезда

Американскиот кошаркар Кеј Си Риверс ќе игра за Црвена Звезда до крајот на сезоната, потврдија белграѓани на својот официјален сајт.

Кеј Си Риверс има одлично педигре, во 2015 година со Реал Мадрид ја освои круната во Евролигата, а доаѓа од редовите на Реџо Емилија кај српскиот првак.

Има 31 година, проблем ќе му биде што не играше во последно време, но искуство и квалитет не му недостасуваат. Риверс може да игра на позициите два и три, а Црвена Звезда ќе му биде дури 11-ти клуб во Европа. Двапати во различни периоди настапуваше за Реал Мадрид, а има играно и во Франција, Русија, Германија и Грција.

- Оглас -

Најнови вести