Поранешен фудбалер на Челзи за малку ќе го убиел Роман Абрамович

Некогашниот член на Челзи, Пет Невин (56), тврди дека во 2015 година за малку несакајќи ќе го убиел сопственикот на Сините од Лондон, рускиот тајкун Роман Абрамович.

Невин бил на одмор на островот Аран во близина на Шкотска, и го возел својот автомобил, а потоа на една кривина за малку ќе удрел човек кој возел велосипед.

„Во последен момент успеав рефлексно да изреагирам, и да го избегнам. Можев да го убијам. Човекот на велосипедот беше Абрамович. Каква приказна ќе беше ако го убиев, за малку го промашив. Неговата јахта беше усидрена на островот, а тој се возеше со велосипед. До ден денеска тој не знаеше дека јас бев човекот што ќе го згазеше“ – вели Невин кој е поранешен шкотски репрезентативец, а за Челзи настапуваше од 1983 до 1988 година.

- Оглас -

Најнови вести