Поранешен фудбалер на Реал Мадрид стана трговец со дрога, уапсен е во Колумбија

Едвин Конго, поранешен фудбалер на Реал Мадрид и колумбиски репрезентативец, е уапсен во родната земја поради трговија на дрога.

Конго, кој има 43 години, по сослушувањето во Богота е пуштен на слобода, а со него е уапсена и група од девет луѓе, сите под истрага за трговија со дрога.

Колумбиецот сега има 43 години, а при крајот на минатиот милениум во 1999 година стана член на Реал Мадрид, пристигнувајќи како голем талент од Онсе Калдаш.

Не одигра ниту еден меч за Кралевите и по една сезона беше пратен на позајмица во Валјадолид, потоа и во Виторија Гимарес и во Тулуз, пред да му истече договорот и да се пресели во Леванте. Играше уште за неколку шпански второлигаши, па ја заврши кариерата во 2009 година како член на нисколигашот Бениса.

За репрезентацијата на Колумбија, Конго одигра 17 меча и постигна три гола.

- Оглас -

Најнови вести