Поранешен тренер на Баерн и на Хрватска е главен кандидат за нов селектор на Косово

Фудбалската федерација на Косово ја започна потрагата по нов селектор на националниот тим и на листата на желби се наоѓаат само четири имиња, а меѓу нив е поранешен тренер на Баерн Минхен и на хрватската репрезентација.

Поразот од Белорусија во последното коло од квалификациите за ЕП 2024 му пресуди на Примож Глиха бидејќи оствари само две победи во десетте меча, а сега главен фаворит за негов наследник е Нико Ковач.

Ковач моментно седи на клупата на Волфсбург, а во минатото бил селектор на Хрватска и го водеше најголемиот германски тим, Баерн Минхен. Челниците на Фудбалската федерација на Косово се подготвени да разговараат со него и доколку добијат зелено светло, планираат да започнат преговори со Волфсбург.

Тие немаат намера да плаќаат отштета на германскиот тим, туку планираат Ковач паралелно да ги води и селекцијата на Косово и Волфсбург.

Според косовските медиуми, освен Нико Ковач, на листата на желби се наоѓаат уште е поранешниот тренер на Галатасарај и селектор на Турција, Фатих Терим, Блаж Слишковиќ и тренерот на косовскиот шампион Балкани, Илир Даја.

- Оглас -

Најнови вести