Поранешниот репрезентативен голман на Костарика, Кејлор Навас, сака да ѝ помогне на Барселона и кариерата да ја продолжи на „Камп ноу“, откако тешка повреда заработи првиот голман на Каталонците, Марк-Андре тер Штеген.
Навас е без клуб откако летово му истече договорот со ПСЖ, а во својата кариера го бранеше голот и на Саприса, Албасете, Леванте, Реал Мадрид и Нотингам форест.
🚨 JUST IN: Keylor Navas would be open to the idea of joining Barcelona if an opportunity arises, reports @martinezferran, pending further confirmation. His agent is Jorge Mendes and his wages won’t be an issue. @martinezferran #Transfers #NoticiaMD 🇨🇷📞 pic.twitter.com/bWyVw97fKO
— Reshad Rahman (@ReshadFCB) September 23, 2024
Како што истакнал и самиот, платата нема да претставува проблем, само да дојде во Барселона, а изненадување е фактот дека од 2014 до 2019 беше голман на најголемиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид.
Навас со Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите, четири на Светското клупско првенство, два од Супер купот на Европа и по еден од Ла Лига и Супер купот на Шпанија.