Поранешна репрезентативка на Русија ќе биде тренер на НБА тимот Њујорк никс?!

Беки Хемон ќе биде интервјуирана за работа во Њујорк никс како главен тренер, и ако двете страни се договорат, некогашната кошаркарка ќе стане првата жена која водела тим во НБА лигата.

Хемон е поранешна репрезентативка на САД, потоа зеде руско државјанство, па играше и за селекцијата на Русија со која освои бронзен медал на ЛОИ во Пекинг 2008. Од 2014 година наваму, таа му е помошник на Грег Попович во стручниот штаб на Сан Антонио спарс.

Хемон веќе има тренерско искуство, учи од еден од најдобрите на светот, и откако стана прва жена која била помошник тренер во НБА, сега може да стане и првата жена која ќе ја врши функцијата главен тренер.

Актуелен тренер на Никс е Мајк Милер, но тој е привремен, нема договор за следната сезона и неизвесно е дали клубот ќе му понуди продолжување на договорот. Газдата на Никс, Џејмс Долан, нема проблем со тоа да ангажира жена за главен тренер, дури напротив, мисли дека тоа би му било плус во биографијата.

- Оглас -

Најнови вести