Поранешна тенисерка тврди: Ѓоковиќ е вакциниран против Ковид-19 веќе долго време

Голема прашина се крена околу тоа дали Новак Ѓоковиќ има примено вакцина против Ковид-19 и ќе настапи на Отвореното првенство на Асвтралијан на почетокот од наредната година.

Србинот сè уште нема потврдено дали ја има примено вакцината, но некогашната тенисерка Барбара Шет тврди дека Ноле веќе подолго време е вакциниран.

„Новак долго време е вакциниран иако тој не сака да потврди. Ако ја немаше примено вакцината против Ковид-19, немаше ни да настапи на Мастерсот во Париз“, изјави некогашната седма тенисерка во светот.

Ѓоковиќ во неделата го освои токму Мастерсот во Париз откако во финалето го победи Данил Медведев со 2:1 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести