Поранешниот европски првак во потрага по нов сопственик

Олимпик Марсеј е единствениот клуб во Франција кој може да се пофали дека бил европски првак. Клубот кој има 100-годишна традиција во прекинатото првенство заврши како второпласиран зад шампионот Пари Сен Жермен и на тој начин се избори за место во Лигата на шампионите.

Сепак, има еден голем проблем за гигантот од Марсеј. Клубот се соочува со финансиска криза која дополнително беше изразена по појавувањето на пандемијата со корона-вирусот. Моментно клубот е во долгови од околу 150 милиони евра, што може да доведе до исфрлање на Олимпик Марсеј од мечевите во европските клуови.

Токму затоа сопственикот на некогашниот европски првак, Франк Мекут, е подготвен да го продаде клубот. Тој постави цена од 250 милиони евра, од кои 150 милиони ќе бидат за да се покријат актуелните загуби. Иако има голем број навивачи и долга историја, Олимпик последниот трофеј го има освоено во 2012 година, кога триумфираше во Лига купот. Првак на Франција последен пат беше во 2010 година.

- Оглас -

Најнови вести