Некогашниот бразилски репрезентативец Лукас Леива соопшти дека и официјално ја завршува кариерата поради здравствени проблеми. Леива кој има 36 години, потврди дека завршува со активно играње фудбал поради проблеми со срцето.
При една рутинска контрола, на Леива му било откриено дека боледува од срцево заболување, но едноставно мораше да прекине да игра и да направи нови тестови кои само ја потврдија лошата вест на играчот кој последно го носеше дресот на Гремио во Бразил.
„Прво што сакам е да се заблагодарам на Гремио за целата поддршка во овие три месеци. Објавувам дека се повлекувам. Беше тежок период за мене и мислам дека ова е прв пат да плачам поради оваа ситуација. Сепак, моето здравје е на прво место“, рече Леива кој заврши во клубот во кој и ја почна кариерата.
Бразилецот во 2005 година дебитираше на сениорската сцена како играч на Гремио, а во 2007 година замина во Англија и потпиша за Ливерпул. Во англискиот гигант остана цели 10 години и одигра 346 натппревари. Потоа замина во Лацио каде помина пет години, а во 2022 година се врати во Гремио.
De cortar o coração 💔 Lucas Leiva se emocionou muito ao anunciar sua aposentadoria, devido a problemas cardíacos. Não sei vocês, mas o estagiário aqui chorou junto com ele 🥺
Crédito: Grêmio TV pic.twitter.com/YHX6Vi9vYE
— TNT Sports BR (@TNTSportsBR) March 17, 2023