Поранешниот македонски селектор станал најплатен тренер во светот со исклучок на САД?!

Драган Раца, кој беше неуспешен селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија во 2016 година, станал најплатениот тренер на светот надвор од НБА, се пофали неговиот менаџер Миња Илиќ. Ова веројатно не е точно бидејќи во НЦАА лигата има тренери со годишни плати од над 7 милиони долари, па попрецизно е дека Раца можеби е најплатениот тренер надвор од САД.

Раца потпишал богат тригодишен договор со кинескиот клуб Вухан Дангаи. Раца е Србин роден пред 60 години во Босна и Херцеговина, a има и кипарски пасош. Во 2002 беше прогласен од ФИБА за најдобар млад тренер во Европа, но на клупата на Македонија не се прослави, па експресно си замина по неуспешните квалификации.

- Оглас -

Најнови вести