Поранешниот менаџер на Шумахер го обвини семејството на седумкратниот Формула 1 шампион дека девет години ја лаже јавноста

Поранешниот менаџер на седумрактниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер, Вили Вебер, изјави дека од семејството на Германецот веќе девет години слуша само лаги за здравјето на неговиот клиент.

Шумахер пред девет години доживеа тешка повреда на главата додека беше на скијање на француските Алпи и оттогаш неговото здравје е вистинска мистерија за целата светска јавност.

Повремено ќе се појави некоја информација околу здравјето на Михаел, но ништо конкретно за тоа како се чувствува или како изгледа денеска седумкратниот Формула 1 шампион. Поради тоа се огласи Вебер, кој се грижеше за кариерата на Михаел и ја обвини Корина дека веќе девет години го лаже светот.

„По речиси девет години од страшната несреќа, скоро и да нема официјални изјави за состојбата на Михаел, додека повремено неговите блиски пријатели ќе објават некаква информација. Со години по несреќата си зборував дека не можам да ги променам работите иако Михаел ми беше како син. И денеска ме боли кога зборувам за него“, изјави Вебер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести