Поранешниот репрезентативец Наумовски ќе ја чува мрежата на Шкупи

Шкупи го официјализираше ангажманот на Кристијан Наумовски, искусниот голман кој потпиша двегодишен договор со екипата од Чаир. Поранешниот репрезентативец ќе биде големо засилување за Шкупи во квалификациите за Лигата на Европа откако веќе се приклучи на тимот во подготовките во пресрет на новата сезона.

„Чест и задоволство е да бидам дел од екипата на Муарем Бајрами, кој направи сè што е во негова моќ да ме ангажира. Цели 11 години од кариерата поминав во странство, Европа и Азија беа одлично искуство, кое ќе се обидам да го пренесам за од овој проект да се роди шампион. Мило ми е што ќе играм за тим со традиција и фантастични навивачи“, истакна Наумовски за официјалната веб-страница на македонскиот прволигаш.

Наумоски за Репрезентацијата А на Македонија запиша шест настапи од 2009 до 2015 година. Кариерата ја почна во Работнички, двапати ги бранеше боите на Динамо Букурешт, бранеше и за Левски Софија, Пегасус во Кина, додека изминатите три години ги помина во Малта.

- Оглас -

Најнови вести