Поранешниот тренер на Порто, Челзи и Тотенхем вмешан во скандал со дрога

Португалскиот тренер Андре Вилаш-Боаш е дел од скандалот со дрога за кој полицијата започна истрага. Сомнителен бил еден коверт во кој имало хашиш, а бил испратен од Португалија во Бразил. На писмото стоеле три адреси од испраќачот, а една од адресите била таа на тренерот Вилаш-Боаш.

Се верува дека некој сака да му намести скандал на фудбалскиот стратег откако Вилаш-Боаш најави политичка кариера, па дури и кандидатура за градоначалник на Порто во 2024 година.

Вилаш-Боаш е роден во Порто, а тренерската кариера ја започнува во Академика, па потоа беше на клупата и на фудбалскиот гигант Порто. Во тренерската кариера беше предводник и на лондонските екипи Челзи и Тотенхем. Интересно е дека и многу попознатиот португалски стратег Жозе Мурињо како тренер работел и во Порто, Челзи и Тотенхем.

По заминувањето од Англија, Вилаш-Боаш продолжи да работи во Зенит, а потоа го предводеше тимот на Шангај, додека последен негов клуб беше Олимпик Марсеј. Сега е слободен агент, но се верува дека повеќе сака да се фокусира на политичката кариера отколку на тренерската.

- Оглас -

Најнови вести