Пораснаа амбициите, и денеска нека има голеади

9962 Англија – Германија (18ч)

Европскиот класик меѓу старите ривали ќе се одигра по 33-ти пат, а двете селекции досега делат по 13 победи, со тоа што Англичаните постигнале 51 гол наспроти 42 на Германија.

Од 1996 година се памети последниот меѓусебен дуел на овие две селекции кој се одигра на „Вембли“, во рамките на ЕП, во којшто Панцерите стигнаа до финалето откако сегашниот селектор на Англичаните, Герет Саутгејт, го промаши последниот пенал во рулетот. Сега, како предводник на Гордиот Албион, Саутгејт ќе бара одмазда, но се памети уште една победа на Германија на култниот стадион остварена во 2000 година во мундијалските квалификации.

Панцерите се чувствуваат како дома во фудбалскиот храм кој се наоѓа во Лондон, што само го зголемува притисокот врз англиската селекција. Ако се земат предвид последните четири меѓусебни средби кои беа пријателски, само во една од нив паднаа пет гола, додека во останатите само еден или ниеден гол.

Предлог тип: 1+I & 2+II (3.35)

 

6963 Шведска – Украина (21ч)

Откако Шведска последен пат загуби во ноември минатата година, селекцијата на Андерсон нареди седум победи и едно реми со гол-разлика од 14-3, што само потврдува дека цврстата одбрана е нивното главно оружје. На Украинците, пак, им беше доволен триумфот над Македонија со 2-1 за да се пласираат во осминафиналето, па секој нареден успех ќе ги надмине нивните очекувања.

Овие две селекции се сретнаа и на ЕП 2012, кога Украина триумфираше со 2-1 во групната фаза, што беше вкупно четврта победа во пет меѓусебни средби за репрезентацијата која сега ја води легендарниот Андриј Шевченко.

Историјата вели дека нема да има повеќе од три гола, но се остава простор за изненадување слично на вчерашните две.

Предлог тип: 1+I & 2+ (1.79)

 

6908 Салцбург – Олимпијакос (18ч)

Шампионите на Австрија и Грција креираа победнички ритам во подготовките и би требало без многу товар да приредат ефикасна контролка.

Салцбург одигра една пријателска и ја доби со 3-1, Олимпијакос славеше двапати со 1-0, па сега за првпат меѓу себе ќе ги одмерат силите.

Ако се знае дека се екипи со амбиции за редовни учества во Лигата на шампионите, како такви треба да се покажат и сега за да има возбуда во средбата и повеќекратно тресење на мрежите.

Предлог тип: 4+ (2.35)

 

8428 Доминиканска Република – Србија (20:15ч)

Европскиот вицешампион на домашен терен во Белград e голем фаворит и треба да обезбеди пласман на Олимписките игри. Селекторот Кокошков не може да смета на две НБА-ѕвезди, МВП Никола Јокиќ се откажа, додека Богдановиќ има обврски со Атланта во плејофот.

И без нив, Србите се доволно квалитетни да го надиграат составот на Доминиканската Република, со оглед на тоа дека се во серија од седум победи. Никогаш претходно овие репрезентации не добиле шанса да ги одмерат силите.

Предлог тип: Т2 >92,5 поени (1.84)

 

7132 Ник Кирјос – Уго Хумбер (16ч)

Кирјос нема играно од февруари годинава кога беше елиминиран од Тим на ОП на Австралија, па бидејќи не е во ритам, фаворитската улога припадна на францускиот тенисер Уго Хумбер. Токму едно коло пред дуелот со Тим, Кирјос се сретна со Хумбер и триумфираше по пет сета, па сега и на овој гренслем имаат задача да приредат интересна пресметка.

И Хумбер памети еден триумф, но добиен по службен пат кога во ланската година Кирјос се откажа само по еден сет во мечот од турнирот во Акапулко. Според последните натпревари на двајцата тенисери, може да се очекува повеќе од три сета и маратонски меч.

Предлог тип: >39,5 гемови (1.90)

- Оглас -

Најнови вести