Пораз на Надал во 16-финалето на турнир кој го има освојувано 12 пати

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона, турнир кој славниот шпански тенисер го има освојувано дури 12 пати во својата кариера.

Трибините беа преполни, публиката му даваше поддршка на Рафа, но тој имаше сила само за еден сет, во кој загуби со 5-7. Во вториот сет, Австралиецот доминираше и го освои со 6-1, што значеше крај за Надал, кој е 644-ти на АТП-листата во моментов и најави дека ја игра последната сезона во кариерата.

Надал, кој има 22 гренслем-титули во кариерата, долго време се мачи со повреди, па самиот најавуваше дека е аутсајдер во овој денешен дуел, што се покажа точно.

- Оглас -

Најнови вести