Пораз од Германките да, но дебакл не

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва во Скопје загуби од Германија со 47-71, но ако се изземе последната четвртина, ова беше многу подобро издание отколку на гостувањето кај Белгија, каде што девојките загубија со 71 поен разлика.

По првото полувреме резултатот беше шокантен, Македонија водеше со 35-28, но во второто полувреме постигнавме само 12 поени. Последната четвртина Германките ја добија со 25-3, па на крајот дури и убедливо победија, иако по 30 минути игра не изгледаше дека ќе биде така.

Мерит Хемпе со 20 поени беше најефикасна во македонскиот тим, ниту една друга репрезентативка не уфрли двоцифрен број поени.

- Оглас -

Најнови вести