Пораз што не боли – Галатасарај ја освои рекордната 22-ра титула

Галатасарај и официјално ја освои рекордната 22-ра титула во Турција, иако вечерва во ревијален меч загуби на гости од Сиваспор.

Како гостин поранешниот клуб на Горан Пандев загуби со 4:3, но сепак во колекцијата стави уште еден пехар.

Рибалка со два гола и Арслан и Коне помогнаа Сиваспор да го порази шампионот, а головите за шампионот кој ја одбрани титулата гои дадоа Челик два и Линес.

Зад галатасарај како вицешампион на Турција заврши Басахшехир, а третото место е за Бешикташ.

Во еврокуповите ќе настапат и Трабзонспор и веројатно Малатијаспор.

- Оглас -

Најнови вести