Поразите носат пад – Македонија назадуваше пет места за 73. позиција на ФИФА листата

Фудбалската репрезентацијана Македонија по долг период го забележа најголемиот пад на ФИФА листата, за пет позиции и сега сме на 73. место.

Имаме 1.333 поени и се најдовме на делба на 73, скалило, заедно со Кина. Поразите од Полска со 0:1 и со Австрија од 1:4 не чинеа назадување во однос на претходното рангирање што ФИФА го прави периодично и најчесто секој месец.

Лидер на ФИФА листата остана Белгија, пред светскиот првак Франција, Бразил и Англија, а сега Португалија како победник на Лигата на Нации се проби на петтото место, со скок од две позиции.

Во топ-10 следат Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска, а двата гиганти Германија и Аргентина го делат 11. место.

Од ривалите во нашата квалификациска група за пласман на ЕП 2020 година, најдоброрангирана е Полска на 19. место, со скок од една позиција.

Австрија напредуваше дури за 8 скалила и е на 26. позиција, Словенија е со минус два на 65.место, а зад нас се Израел на 82. позиција и Летонците како 137-рангирана светска селекција.

- Оглас -

Најнови вести