Поразителен факт за шпанското првенство: Најнеефикасно од Топ 5 лигите

По комплетирање на мечевите во најсилните пет лиги во Европа, започнаа да се прават многу рангирања и споредби. Фудбалот се игра за голови, па секако најважна е споредбата за таа со постигнати погодоци.

Статистиката носи еден поразителен податок за шпанското првенство, кое е најнеефикасниот шампионат во Топ 5 лигите во Европа. Во вкупно 380 натпревари биле постигнати 953 погодоци, односно 2,5 гола по меч.

За разлика од Примера дивисион, најмногу голови биле дадени во Серија А. Вкупно 1160 погодоци на 380 меча, односно 3,1 гол по меч имало на дуелите во Италија. На второто место според просекот е Бундеслигата. Германското првенство е единствено со 18, а не со 20 екипи како што е во Шпанија, Италија, Англија и Франција, па 928-те погодоци носат просек од точно три гола по средба.

Во француското првенство биле постигнати 1.049 гола, односно 2,8 по меч, а во англиската Премиер лига во сезоната која што заврши беа постигнати вкупно 1.024 погодоци, односно 2,7 гола по меч.

- Оглас -

Најнови вести