Поразот на Арсенал го налути претседателот на Руанда

Фудбалерите на Брентфорд направија големо изненадување на стартот од сезоната во Премиер лигата, откако на свој терен со 2:0 го победија Арсенал. За популарните Пчели ова беше прв меч во елитното англиско друштво по пауза од 74 години и не можеа да посакаат подобар старт.

Брентфорд стана првиот лондонски тим кој во Премиер лигата дебитирал со победа. Тоа не им успеало ниту на Арсенал, Челзи, Тотенхем, Вест хем и сите останати екипи од главниот град на Англија.

Арсенал играше слабо, безопасно и засужено загуби. По мечот, се огласи и претседателот на Руанда, Пол Кагаме, кој е голем фан на Топчиите.

„Брентфорд заслужено победи, а навивачите на Арсенал не заслужуваат да се навикнат на вакво нешто. Ова го кажувам како голем навивач на Арсенал. Со децении се мачиме, имавме многу радости и падови, но сепак многу повеќе беа разочарувањата. Зар не може да се направи вистински план“, вели претседателот Кагаме, кој главната вина ја посочи кон газдите на клубот, затоа што не вложуваат доволно пари.

Арсенал последната титула во првенството ја освои во сезоната 2003/04, што значи дека речиси две децении фановите на Топчиите чекаат да се израдуваат на трофејот во шампионатот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести