Поразот на Грузија од Ерменија шокираше рекорден број прогнозери

Ивица Р. и Марио Т. со по десет погодоци беа најуспешни меѓу оние рекордни 2.574 учесници во 10-тото коло на Спортска прогноза. На двајцата за малку им побегна ваучерот од 500 денари од Sport Life, а „ајфонот 11“ остана недопирлив.

Главна причина што нема добитници на награди е изненадувањето кое го приреди Ерменија на гостувањето кај Грузија. Само 4,8 проценти од прогнозерите типуваа двојка. И Ивица и Марио погрешија при овој пар, типуваа победа на домашните.

Мал број играчи на Спортска прогноза, само 11,2 проценти од оние 2.574 кои типуваа во колото, погодија дека Фарски Острови ќе извлече реми на гостувањето кај Летонија, а еднаков е бројот и на прогнозери кои погодија дека дуелот Швајцарија – Шпанија ќе заврши нерешено. Помалку од 15 проценти веруваа дека Шведска ќе ја совлада Хрватска, а релативно мал е бројот (27 проценти) на прогнозери кои погодија дека светскиот првак Франција ќе слави на гостувањето кај Португалија.

Оваа комбинација од изненадувања придонесе во ова коло да нема добитници на награди. Следната шанса за добивка ќе ја имате во претстојниот викенд, а паровите за 11-тото коло ќе ги објавиме утре во 14 часот.

Интересна е трката во Генералниот пласман, каде што по 10 одиграни кола, во водство се тројца играчи со по 75 бодови, а тоа се: Селим Ш., Блаже Ј. и Здравко К. По 74 поени имаат Васе П. и Димчо Р.

 

- Оглас -

Најнови вести