Поразот на Реал не е случаен, а тоа го открива и еден важен податок

Реал Мадрид загуби дома со 2:3 од Вилјареал и тоа во меч на кој домаќините два пати беа во предност на „Сантијаго Бернабеу“. Во последните пет години кога Кралскиот клуб треба да игра против Вилјареал во првенството, тоа им е најопасен ривал.

Од јануари 2018 година до денеска, Реал Мадрид и Вилјареал имаат одиграно 12 средби во Примера, а има само три победи. Жолтата подморница вечерва се израдува по трет пат во овој период од пет години, а дури шест средби завршија нерешено.

Кога ќе се видат и резутлатите од последните четири лигашки средби на овие две екипи, Вилјареал има две победи и две нерешени, а Реал последен пат се израдувал во мај 2021 година кога победи со 2:1.

На денешниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“, Жплтата подморница го потопи шампионот благодарение на прекрасните погодоци на Самуел Чукуензе.

Последни 12 лигашки дуели на Реал Мадрид и Вилјареал

Реал Мадрид – Вилјареал 2:3

Вилјареал – Реал Мадрид 2:1

Вилјареал – Реал Мадрид 0:0

Реал Мадрид – Вилјареал 0:0

Реал Мадрид – Вилјареал 2:1

Вилјареал – Реал Мадрид 1:1

Реал Мадрид – Вилјареал 2:1

Вилјареал – Реал Мадрид 2:2

Реал Мадрид – Вилјареал 3:2

Вилјареал – Реал Мадрид 2:2

Вилјареал – Реал Мадрид 2:2

Реал Мадрид – Вилјареал 0:1

 

- Оглас -

Најнови вести