Порноѕвездата ѝ се враќа на првата љубов, повторно влегува во автомобилизмот

Некогашната учесничка во автомобилистичките трки Рене Грејси по неколку години пауза, реши повторно да се врати на патеките. Грејси се откажа од спортот затоа што слабо заработувала во тој период и решила целосно да ја смени професијата. Станала порноѕвезда!

Грејси била разочарана затоа што преку тркањето не можела да си дозволи да живее во луксузот кој го сакала, па се одлучила да отвори сопствен сајт за возрасни на кои ги продава своите снимки. Најпрво снимките биле со стриптиз, а потоа почнала да снима и експлицинтни сцени. Рене открива дека за нејзината работа знаат сите во нејзината фамилија и дека татко и ѝ е голема поддршка.

 

View this post on Instagram

 

Featuring corona virus nails 🦠☹️

A post shared by RENÈE GRACIE 🧂 (@renee_gracie) on

Атрактивната девојка преку сајтот почнала да заработува и по 20.000 долари неделно и сега ужива во животот кој го посакувала. Откако заработи доволно, Грејси реши повторно да се врати на трките и да вложи пари за да може повторно да се трка.

„Сега кога финансиски сум обезбедена, сакам да се вратам на трките. Сега без многу грижи можам да се тркам и да не се плашам што ќе се случи ако го удрам автомобилот. Имам свој буџет и нема да зависам од спонзорите“, вели Грејси, која сигурно сега и многу полесно ќе може да дојде и до спонзори.

Иако се враќа на патеката, Рене вели дека не планира да се откаже од порноиндустријата. „Нема да престанам со тоа затоа што тоа ми носи одлична заработувачка“, искрена е девојката.

 

View this post on Instagram

 

Do memory foam mattresses wish they could forget?

A post shared by RENÈE GRACIE 🧂 (@renee_gracie) on

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести