„Порше“ влегува, а четирикратниот првак заминува од Формула 1

Германската компанија „Порше“ ќе купи 50 отсто од акциите во тимот на Ред Бул и на тој начин ќе влезе во Формула 1 шампионатот. Формалните процеси се во тек, а официјалната потврда од „Порше“ се очекува да биде на 4 август.

И додека се очекува влегување на еден многу популарен бренд во Ф1, четирикратниот светски првак Себасија Фетел, кој неодамна наполни 35 години, најави дека по завршување на оваа сезона, ќе оди во пензија.

Фетел дебитираше во Ф1 во 2007 година, а четирипати во низа во периодот од 2010 до 2013 година беше светски првак. Германецот досега има 289 трки, а има 53 победи. Во 2013 година имаше 13 победи и тоа е рекорд во Ф1 шампионатот за една сезона. Тој е и најмладиот светски првак откако успеа до тронот да стигне до 23 години и 134 дена.

„Имав чест да работам со многу фантастични личности во изминативе 15 години во Ф1, а одлуката да ја завршам кариерата беше тешка. Многу размислував за тоа, но мислам дека донесов вистинска одлука. Сакам да поминувам повеќе време со моето семејство“, рече Фетел.

- Оглас -

Најнови вести