Порто бара пасош за титула, Фереира им подготвува печат со гол(ови)

Краковија – Погон (Екстракласа, Полска, 18 часот)

Карковија е фаворит според коефициентите, но домаќините наскоро ќе играат многу поважен меч од денешниот со Погон.

На 7 јули, на нивниот стадион ја чекаат Легија во полуфиналето на Полскиот куп и тој меч им е приоритет. Затоа можно е вечерва Михал Пробиерж да одмори дел од стандардните играчи за да ги сочува за нокаут-мечот со Легија, екипа што е најдобра сезонава во Екстракласа и речиси сигурно ќе биде нов шампион на Полска.

Погон е последен во плејофот за титулата и против Краковија ја има последната шанса со победа да фати приклучок во битката за позициите што гарантираат учество во квалификациите на Лигата на Европа.

Типуваме дека гостите нема да загубат.

Предлог тип: Х2 (1.72)

 

Ексетер – Нортхемптон (Лига 2, Англија, 20.30 часот)

Ваков меч се игра ретко, а четвртолигашите стигнаа до финале на „Вембли“, што ќе одлучува која екипа од идната сезона ќе игра во Лига 1.

И двете екипи имаа интересни двомечи во полуфиналето, а голем подвиг направи Нортхемптон, што може да им даде дополнителен поттик. По поразот дома од Челтенам со 0:2, заминаа на реванш со минимални шанси, но одиграа маестрален меч и со победа од 3:0 извадија билет за пат на „Вембли“.

И Ексетер мина низ многу искушенија, дури играше и продолженија со Колчестер. Голот на најдобриот стрелец на тимот, Рајан Бауман, во 112-тата минута им донесе многу радост и можност денеска да играат нокаут-меч за пласман во Лига 1.

Обично ваквите натпревари што значат многу за иднината на клубовите се тврди и со малку голови, бидејќи влогот е голем.

Досега Ексетер и Нортхемптон одиграле 14 меча меѓу себе во Лига 2. Билансот е на страната на Нортхемптон, кој има 9 победи, три порази и двапати било нерешено.

Тешко е да се прогнозира на конечен исход, па ќе одиграме на малку голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.61)

 

Кристал палас – Барнли (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Двете екипи се израмнети со по 42 бода и се далеку од зоната за испаѓање, но и од еврозоната, па можат да одиграат без императив.

Интересно е што и Палас и Барнли имаат и идентичен биланс од по една победа и пораз во камбекот на терените по три и пол месечна пауза.

Домаќините се фаворити, го победуваа тимот на Шон Дајш на последните четири меѓусебни дуели, но имаат неочекувани проблеми во офанзивата. Заха и Бентеке се повредени и нивниот настап е неизвесен, што му ги зголемува шансите на гостинот.

Барнс и Вуд, кои долг период беа ударен тандем за голови кај Барнли, не играат, па поради остуството на главните напаѓачи кај двата тима, ќе одиграме со комбиниран тип.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.59)

 

Хетафе – Реал Сосиедад (Ла Лига, Шпанија, 22 часот)

Ова е меч на кој двете екипи ќе се обидат да ја забележат првата победа во посткорона периодот. И Хетафе и Реал Сосиедад се вратија со неочекувано скромни изданија и резултати, што ги чини голем пад на табелата.

Од сериозни кандидати за учество во Лигата на шампионите пред продолжението на Ла Лига, сега ќе им остане најверојатно само битка за настап во Лигата на Европа.

Победникот од дуелот вечерва ќе може да се надева на подвиг за пробив до четвртата позиција, што ги носи во друштво со најдобрите екипи во Европа, во Лигата на шампионите за следната сезона, а поразениот ќе мора да чека некоја друга шанса.

Хетафе ја има третата најцврста одбрана со 29 примени голови, зад градските ривали Реал и Атлетико, па од нив може да се очекува многу тактика и меч со малку голови.

Реал Сосиедад го има четвртиот најефикасен напад, но вечерва влогот е голем и ќе мора да внимаваат малку повеќе на одбраната и посебно на опасните контри на домаќините.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.66)

 

Пасош де Фереира – Порто (Примеира, Португалија, 22.15 часот)

Порто не игра добро во продолжението од првенството, но начека позиција во која главниот ривал за титулата, Бенфика, игра полошо од нив, па 28-кратниот првак има три бода предност и е фаворит за нова шампионска круна.

Вечерва избраниците на Сержо Консеисао ќе бидат на голем испит, на меч со за нив незгоден домаќин во последно време.

Фереира нема пораз од Порто на последните три меча како домаќин, а Змејовите не победиле на „Капитал до Мовел“ од 2014 година.

Фереира има и одличен рестарт на сезоната со три победи и еден пораз и дури собра повеќе бодови од Порто. Гостите мора да победат за да ја задржат дистанцата од најмалку три бода предност пред Бенфика, но ќе мора да внимаваат, особено на опасните Бразилци на Фереира, Танке и Денилсон.

Очекуваме домаќинот да ја продолжи низата од гол(ови) што ја има и во продолжението на Примеира, но и против Порто, па ќе типуваме дека ќе се тресат мрежите и на двата голмани.

Предлог тип: ГГ (2.40)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести