Порто и Јувентус тргнуваат со иста тактика: Старата дама реши да остави двајца докажани голгетери на клупата

Во дуелот на некогашните европски прваци, Порто го пречекува Јувентус. Двата тима во својата клупска историја може да се пофалат дека двапати биле на кровот на европскиот фудбал, а вечерва ќе играат во осминафиналето од ЛШ. Првиот меч се игра во Порто, а веќе се познати и стартните состави на двата тима.

Кристијано Роналдо и Дејан Кулушевски треба да бидат главна опасност за голот на Порто, додека во одбраната на Старата дама командант е Џорџо Кјелини. Од оние играчи кои се задолжени за давање голови, Пауло Дибала и Алваро Мората ќе бидат на клупата за резерви. Некогашниот дефанзивец на Реал Мадрид, Пепе, е капитен на Порто и треба да биде главен во мисијата да се заштити домашниот гол.

Двата тима играат во иста формација 4-4-2, а ова се стартните состави:

Јувентус има три победи и само едно реми во четирите меча против Порто во последниве 20 години. Тоа што е интересно е дека три од тие четири средби биле со 0-2 гола, што е најава за тврд дуел без многу погодоци.

Севилја со девет победи по ред во сите натпреварувања е домаќин на Борусија Дортмунд. Гостите играат многу променливо и навистина ќе биде голем предизвик да дојдат до позитивен резултат од ова гостување.

Домаќините ќе играат во формација 4-3-3 со Сусо, Ел Несри и Гомез во офанзивната линија, додека Халанд е најистурен во нападот на Борусија, а од заднина во формација 4-3-2-1 ќе напаѓаа и Санчо и Ројс.

 

- Оглас -

Најнови вести