Порто ја одложи промоцијата на Спортинг во првак на Португалија, барем до утре (Фото)

Порто го порази Фаренсе со 5-1 и теоретски остана со шанса за освојување на титулата во португалската лига. Од Спортинг Лисабон чекаа кикс на Порто со кој би ја прославиле својата прва титула по 20 години, но тоа не се случи, па отворениот автобус што го подготвија за прославата и шампионската парада низ Лисабон ќе остане во гаража, барем до утревечер.

Спортинг утре од 21.30 часот игра со Боависта, која се бори за опстанок. Ако победи, сезонава непоразениот Спортинг ќе ја прослави титулата. Ако не ја победи Боависта, тогаш Спортинг ќе има прилика титулата да ја осигури во претпоследното коло, во градското дерби против Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести