Порто купи репрезентативен голман на Аргентина

Аргентинскиот голман Агустин Марчесин е нов член на Порто, а доаѓа од Клуб Америка од Мексико. Порто за Марчесин ќе плати 7,5 милиони евра во првата фаза, додека потоа сосе бонуси сумата може да се зголеми за дополнителни два милиони.

Од Клуб Америка го потврдија трансферот, а 31-годишниот Марчесин, кој неодамна освои бронзен медал на Копа Америка, каде што беше резервен голман на Гаучосите, му се заблагодари на својот досегашен тим чиј гол со љубов и посветеност го бранеше две и пол сезони.

- Оглас -

Најнови вести