Португалија без Кристијано Роналдо против Шведска

Кристијано Роналдо отпадна од составот на Португалија за претстојниот пријателски натпревар против Шведска на 21 март.

Селекторот Роберто Мартинес му даде дозвола на 39-годишниот Роналдо да оди на краток одмор со семејството, а мегаѕвездата ќе му се приклучи на националниот тим на проверката против Словенија пет дена по дуелот со Швеѓаните.

Освен Роналдо, во португалскиот тим ќе ги нема ни Далот, Кансело, Данило Переира, Отавио, Рувен Невеш, Витиња и Жоао Феликс.

- Оглас -

Најнови вести