Португалија до перфекција во квалификациите, прво место во групата и за Шпанија (Видео)

Репрезентацијата на Португалија дојде и до 10-тата победа на исто толку натпревари во квалификациите за Европското првенство и со перфектен биланс ќе патува во Германија. Португалците ги завршуваат квалификациите со 36 дадени и само два примени погодоци.

Репрезентацијата предводена од Кристијано Роналдо победи со 2-0 над Исланд во последниот меч со головите на Бруно Фернандеш и Рикардо Хорта.

Шпанија го потврди првото место во групата со победата од 3-1 над Грузија. Робин ле Норман и Феран Торес стрелаа прецизно, а автогол си постигна гостинскиот играч Лочошвили. Единствениот погодок за Грузија беше дело на нивната најголема ѕвезда, Квича Кварацкелија во 10-тата минута, кога израмни на 1-1.

Резултати:

Босна и Херцеговина – Словачка 1-2
Лихтенштајн – Луксембург 0-1
Португалија – Исланд 2-0
Шкотска – Норвешка 3-3
Шпанија – Грузија 3-1

- Оглас -

Најнови вести